Мицкоски се сретна со генерал-мајор Грегори Најт
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.
-Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети – напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук.
На средбата присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорката на САД Анџела Агелер и генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на свечена церемонија ќе го одликува генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги.
Генерал-мајор Најт, како што информираат од Кабинетот на претседателката, се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…