(Видео) Трамп по НАТО самитот: Ердоган е навистина голем човек и лидер, Руте е паметен и одличен
Белата куќа објави видео на X, каде што американскиот претседател Доналд Трамп зборува за самитот на НАТО во Турција, опишувајќи го како голем успех.
„Тукушто завршивме многу успешен самит на НАТО тука во Турција и сакам да му се заблагодарам на претседателот Ердоган, кој е навистина голем човек. Тој е голем лидер“, се слуша како вели Трамп.
„Исто така, сакам да му се заблагодарам на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Марк е извонредна личност, паметен и одличен лидер. Не е лесно да се водат толку многу лидери“, додаде тој.
Американскиот претседател рече дека за време на самитот имал разговори со неколку светски лидери, вклучувајќи билатерални средби со претседателот Ердоган, украинскиот претседател Володимир Зеленски и сирискиот лидер Ахмед ал-Шара.
Според Трамп, во секој разговор било јасно дека „Америка се врати“ и дека е „посилна, поголема и подобра од кога било досега“.
Видеото завршува со зборовите: „Ова беше исклучително успешен самит. Само сакам да кажам дека во таа просторија владееше извонредно чувство на пријателство и добра волја.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…