(Видео) ТРАМП ТАНЦУВАШЕ 30 МИНУТИ НА МИТИНГ – Никој не очекуваше да ечи оваа песна
Градското собрание во државата Пенсилванија во САД во понеделникот се претвори во музичка сцена на која 30 минути танцуваше поранешниот претседател Доналд Трамп. Сите се изненадија додека Трамп се нишаше на хитот „YMCA“ на Вилиџ Пипл.
Две екипи за итни случаи во толпата го прекинаа настанот. Трамп рече дека тоа е поради жештината, додека модераторката на митингот, гувернерката Кристи Ноем, се пошегува дека местото не може да си дозволи климатизација „во ваква економска клима“.
Меѓу двата прекина Трамп повика да се свири „Аве Марија“, но поранешниот претседател зборуваше само накратко бидејќи на друго лице му беше укажана итна медицинска помош.
– Да не поставуваме повеќе прашања. Ајде само да слушаме музика. Да го направиме ова музички фестивал. Кој по ѓаволите сака да слуша прашања, нели? Зарем тоа не е убаво? – рече Трамп.
Трамп потоа застана на сцената нишајќи се на музиката, додека публиката не знаеше дали настанот е завршен или не, објави Асошиејтед Прес.
Настанот предизвика исмејувачки коментари од потпретседателката Камала Харис. Таа рече дека Трамп е „слаб и нестабилен“.
https://x.com/BehizyTweets/status/1845979841050362187
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…