(Видео) Трајковски со нова изјава по победата над Италија: Уште не сме свесни што направивме синоќа…
Алекандар Трајковски ја имаше една од најуавите ноќи во својот живот, затоа што на преполн „Ренцо Бербара“ ја стресе мрежата на големата Италија и ја одведе Македонија во финалниот бараж за пласман на СП во Катар.
Искусниот напаѓач вели дека сè уште не се свесни што се случи во четвртокот вечерта и е среќен на големата победа на актуелниот европски шампион.
„Уште не сме свесни што направивме синоќа. Многу сум среќен затоа што го заслужуваме ова и ние и цела Македонија. Нема да застанеме тука. Верувавме во себе и тоа нè награди. Нè чека уште една борба до историски пласман на СП.
Трајковски објасни како до доживеа одлучувачкиот момент на натпреварот.
„Очекував да има продолженија, но кога ја видов топката како доаѓа кон мене, со последни сили успеав да шутирам. Цел фокус го ставив на тој последен шут и едноставно како да беше судено дека постигнам гол на тој стадион каде што минав четири убави години“.
Поранешниот член на Палермо се осврна и на натпреварот со Португалија.
„Сега треба добро да се одмориме, а потоа да се подготвиме за Португалија. Играме против репрезентација со многу индивидуални квалитети, но спремни сме и веруваме дека можеме да истрчаме на терен и да докажеме дека можеме да се надигруваме и со нив. Знаеме дека ќе биде тешко, ама во фудбалот се прават чуда за кои никои не веруваат“, заврши Трајковски.
Видео-изјавата на Александар Трајковски:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран почна масовна мобилизација: Над 600.000 се…
Иран влегува во нова фаза на воена…
Тежок инцидент во Скопје: Малолетник нападнат од…
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди…
Мерц: Ерата на безусловно трансатлантско пријателство веројатно…
Ерата на „безусловно трансатлантско пријателство“ веројатно е…
Македонскиот рубин влегува во нова фаза на…
Mинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини…
Ле Пен со драматично предупредување: Годинава може…
Француската политичарка Марин Ле Пен излезе со…