(Видео) Тупанчевски на крај призна: Не ја платил картата за летот и стадионот во Палермо

t

Министерот за правда, Никола Тупанчески за „А1он“ призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. И покрај ова признание, тој и натаму тврди дека не го прекршил Етичкиот кодекс во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци, но и под кои услови.

Чартер летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што, и да сакате да биде вклучен чартер летот, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето кои што патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и овој дел кој што е платен, е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде“, вели Тупанчески за „А1он“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…

Апел за помош за малиот Војдан

Апел за помош за малиот Војдан, кој…

38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Во раните утрински часови на 26 април…