(Видео) Уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“ во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија

t

Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”,  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”. 

При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија.

Видеото погледнете го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…