(Видео) Уапсен 62-годишен тетовец по сомнение за силување на дете под 15 години

t

По видео објавено на социјалните мрежи, 62-годишен жител на тетовско сам се пријавил во полиција. По насоки на јавен обвинител, тој е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.

На 25 септември 2026 година, во 21:45 часот, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н. (62) од тетовско село, откако претходно на социјалните мрежи било објавено видео поврзано со случајот.

По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение дека сторило кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, предвидено и казниво согласно член 188 од Кривичниот законик.

Р.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, при што полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Од надлежните институции се очекуваат дополнителни информации во текот на постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…

Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…

70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…

Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…

ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…

Граѓаните чуваат 7,4 милијарди евра во банките,…

Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра,…