(Видео) „Убаво место какво што ретко можеш да најдеш на Балканот“, Босанец ја сними најубавата репортажа некогаш направена за Скопје
Македонците се добри луѓе, Скопје е убав град со интересна архитектура, а храната заслужува вистинска „петка“. Ова е генералната порака која Роберт од Бања Лука ја праќа преку последно видео објавено на неговиот youtube канал.
Видеото достигна скоро 50 илјади прегледи, а според коментирате и нашиот впечаток, станува збор за едно од најубавите видеа, досега направени за Скопје.
На кратко – Роберт живее во Босна, а својата работа од 8 до 16 часот ја заменил за да патува низ светот и на својот youtube канал да ја пренесе љубовта кон патувањето, странските јазици, новите култура и луѓето. И тоа го прави одлично.
Во видеото Роберт вели дека Скопје е градот, а Македонија е земјата за кои одамна мечтаел да ги посети. Споделува препораки да се посети Скопското кале, Старата скопската чаршија, Кањонот Матка, Соборната црква, Мустафа-пашината џамија, куќата на Мајка Тераза и убавите места за храна насекаде низ градот. Во тие половина час раскажува за македонските пари, двокатните автобуси, проектот „Скопје 2014“ и скопскиот плоштад за кој вели дека е крстосница на градот.
„Колку другите градови да се убави, мене Скопје е еден од најубавите градови што секогаш ми било желба да го посетам. Што и другите да говорат, јас поминав прекрасно и убаво се чувствував“, вели тој и раскажува за неверојатната топлина и гостопримството на луѓето што живеат тука. Вели дека чаршијата е место во кое може да се вратиш стотина години назад, но и да го доживееш духот на градот. На туристите им препорачува да го пробаа македонскиот симит, македонскиот ајвар и традиционалните јадења кои покрај архитектурата се втората најубава работа во градот.
Роберт а вистински амбасадор на градот и одлично си ја заврши својата работа, за жал многу подобро од неинформираниот домаќин кој говори во видеото и веројатно или не живее во Скопје или се уште недоволно го знае градот, па за жал споделува совети и препораки кои се далеку од добри за туристите кои доаѓаат тука.
Некогаш туристите умеат да направат одлична промоција на градот и државата, дури многу подобра од таа што ние самите ја правиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…