Објавено на:

(Видео) Убедливо најдобриот кандидат од Македонија: Ова наше дете синоќа го воодушеви Балканот!

t

Во актуелната сезона на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Македонија има потенцијален кандидат за во финалето, а многумина веруваат дека тој ќе биде и еден од најсериозните учесници за победа.

Се работи за скопјанецот Јасмин Алиевски, кого јавноста го знае како учесник во ова шоу од пред неколку години, но овојпат неговите досегашни преставувања во оваа сезона никого не оставаат рамнодушен.

Неговиот последен настап беше штотуку емитуван на телевизија Сител и очекувано тој ги освои сите гласови од жири-комисијата.

„Јасмин е убедливо најдобар кандидат од Македонија“, изјави Саша Поповиќ.

Нашиот музички бисер се појави на сцената со температура 38,5, но машки ги изнесе и двете песни-„Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач и „Срце није камен“ на Тоше Проески.

Настапот на Јасмин можете да го погледнете на 2:43:00 на видеото подоле:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…