(Видео) УЕФА ОДЛУЧИ: Голот на Енис Барди е избран за најдобар во ЛЕ

t

УЕФА го избра голот на Енис Барди против Монако за најдобар во 4. коло во Лига Европа, во конкуренција на вкупно 44 погодоци кои беа постигнати вчера во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Македонскиот репрезентативец од слободен удар во 57 минута го постигна третиот гол во победата од 4-0 на Трабзонспор над Монако во рамки на групата Х.

За Барди ова е прв гол во дресот на Трабзонспор сезонава во Лига Европа.

Турскиот тим по четири одиграни кола е второпласиран во групата Х со шест бодови, три помалку од лидерот Ференцварош. На третото место е Монако со шест бодови, но послаба пол разлика од Трабзонспор, додека Црвена ѕвезда на последното место има три бодови. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина од шрапнели од дрон…

Еден човек загина, а двајца се повредени…

„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Дуа Липа и Рита Ора ги поддржаа…

Популарните пејачки Дуа Липа и Рита Ора…