Објавено на:

(Видео) УЖАСНА СЦЕНА НА ДЕНОТ НА ВЕТЕРАНИТЕ ВО ДАЛАС: Два бомбардера од Втора светска војна се судрија во воздух!

t

Не е познато колку луѓе имало на настанот кога авионите, Боинг Б-17 „Летечка тврдина“ и Бел П-63 „Кингкобра“, се урнаа по судирот околу 13.20 часот по локално време, соопшти Федералната управа за авијација.

Два авиони од времето на Втората светска војна се судрија во воздух денеска за време на комеморативен настан во Далас по повод Денот на ветераните. Засега нема информации за жртви во несреќата.

– Не е познато колку луѓе имало во авионите кога Боинг Б-17 „Летечка тврдина“ и Бел П-63 „КингКобра“, се урнаа по судирот околу 13.20 часот по локално време (20.20 по средноевропско време) – изјавија од Федералната управа за авијација.

По судирот, делови од леталото паднале на земја, предизвикувајќи пожар во близина. На местото се 40 противпожарни екипи.

Сведоците велат дека остатоците сега се расфрлани по автопатот 67 во Тексас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…