Објавено на:

(Видео) Украина: „Ги напаѓаме рафинериите за нафта и воениот аеродром близу Крим“

t

Украина ги нападна нафтените рафинерии и воениот аеродром во рускиот регион што се граничи со Крим, соопштија официјални лица, додека Русија тврди дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале повеќе од 60 беспилотни летала во регионот, пренесе Индепендент.

Во редок коментар за нападите на руско тло, украинското Министерство за енергетика соопшти дека две рафинерии за нафта во регионот Краснодар биле погодени со беспилотни летала, додека разузнавачки извор изјавил за Ројтерс дека мета бил и воениот аеродром Кушовск, лоциран во истиот регион.

Украина нападна нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодар, запалувајќи ги објектите, изјави за Ројтерс извор од украинската разузнавачка служба, повторувајќи ги претходните тврдења на официјални лица.

„Нападот врз јужниот регион на Русија, кој се граничи со соседниот Крим, го извршила украинската безбедносна служба СБУ“, тврди изворот.

„СБУ продолжува ефективно да гаѓа воени и инфраструктурни објекти зад непријателските линии“, рече изворот, пренесе Индипендент.

Како што руската инвазија влезе во својата трета година, Украина ги засили нападите врз руските нафтени и енергетски постројки користејќи беспилотни летала со долг дострел.

Локалните власти во Русија соопштија дека рафинеријата за нафта во Краснодарскиот регион ја прекинала работата по напад со беспилотно летало. Роман Сињаговски, началникот на рускиот административен округ Славјанск, на Телеграм изјави дека имало девет напади на резервоар за складирање и дестилација, клучна опрема во процесот на рафинирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВНИМАВАЈТЕ: На овој патен правец во Македонија…

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи…

ЦУК: Растат водостоите на реките, можни се…

Центарот за управување со кризи информира дека…

НИКОЛА РОКВИЌ ПО 18 ДЕНА ПЕШАЧЕЊЕ ВЛЕЗЕ…

Српскиот пејач Никола Роквиќ влезе во Грција…

Четири европски земји наскори би можеле да…

RTE News синоќа објави дека се интензивираат…

[ВИДЕО/ФОТО] Русија ја покажа огромната моќ! Парада…

На Црвениот плоштад во Москва почнала воената…