(Видео) Украинец загуби на СП во шах, па прсна во плач
Украинскиот шаховски велемајстор, Васил Иванчук ептен емотивно го доживеа поразот од Американецот, Даниел Народитски на Светското првенство во брзопотезен шах кое се одржа во Њујорк.
55-годишниот Украинец се расплака како мало дете по загубената партија од Народитски. На Американецот дури и му падна жал за својот противник кога виде колку емотивно го прифати поразот.
Иванчук плачеше долго време по загубената партија, а луѓе од организацијата се трудеа да го утешат.
Светското првенство во брзопотезен шах го освоија најдобриот шахист Магнус Карлсен од Норвешка и Русинот Јан Непомниашчи. Финалето траеше четири партии, Карлсен поведе со 2-0, а потоа Непомниашчи изедначи на 2-2. Остануваа уште три партии, но тогаш Карлсен стана и предложи да ја поделат круната со Непомниашчи, тој прифати по што светот доби два шампиони.
https://x.com/Rainmaker1973/status/1874517417180921858?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1874517417180921858%7Ctwgr%5E542a93fdc3daf0081d78dfd87b7350d6c4535bf5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fshah%2Fukrainec-zagubi-na-sp-vo-shah-pa-prsna-vo-plach-ne-mozhea-da-go-smirat-video
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете нападнато од малолетник кој го познавал
На 22.11.2026 во 11:45 часот во СВР…
Кривична пријава за директор и вработени во…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.П.(57)…
Приведен еден од осомничените за нападот врз…
Со повреди по главата и телото завршија…
Уапсен скопјанец кој криумчарел мигранти од Непал
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и…
Мерц бара место за Европа на преговарачката…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека…