(Видео) Украинската криза ќе има домино ефект врз Македонија? Кои земји се загрозени од нивните поголеми соседи – Дали и како може да се извлече економска корист од ситуацијата?
Во Тешки муабети се зборуваше за можноста за домино ефект од нападот на Русија врз Украина, односно опасноста на сите мали земји како Македонија да бидат нападнати од нивните поголеми соседи.
“Има момент кој не смееме да го заборавиме, а тоа е како оваа операција ќе влијае на помалите држави. Де факто секоја соседна држава може сега нас да не напаѓа ако најде некаква причина. Се ставаат малите земји на лента да бидат жртви во ваква ситуација од поголемите соседи.” вели Александар Митовски.
Јанко Илковски нагласи дека сега треба да има соработка меѓу сите фактори и медиуми и производители и власти, да се извади најголемата економска корист од оваа ситуација.
“Небитни се и едните и другите што навиваат за Русија или НАТО. Нас ни е битно економски како да преживееме, покачување на цените на горивото, на храната, заборавивте да ги гледате цените на маслото на пример, ама знаете како се радувате на 18000 минимална плата и не плаќате радиодифузна такса.
Гледајте како економски да ќариме во оваа ситуација, сега треба целата ваша лукавштина да ја видиме. Синергично да се поврзат медиуми, прозиведувачи, да купуваме македонски производи. Нели треба да има дупла дневница за тие што работат денес, никој не смее да изусти дека не им се плаќа за работата во недела. Ние имаме епидемија на канцер се уште од осиромашениот ураниум што беше користен за бомбардирање на Југославија. Луѓе не сте нормални, навивате за некоја страна. Треба да креираме мировни концерти. ” вели Јанко.
“За два дена се одмрзнуваат цените на прехранбените продукти кои беа замрзнати досега.” – само накратко завршува Милош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…