(Видео) Украинците дигнаа во воздух нафтен гигант во Санкт Петербург
Нафтениот терминал во Санкт Петербург, кој се наоѓа во рускиот Ленинградски регион, беше нападнат во раните утрински часови.
Очевидци пријавија силни експлозии и голем пожар што избувна во еден од најважните енергетски објекти во Русија, објавува „Киев Индепендент“.
Нападот се случил на самиот ден од почетокот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, традиционален собир на политичките и бизнис елитите што секоја година го организира рускиот претседател Владимир Путин.
Во текот на утрото, жителите на Санкт Петербург објавуваа фотографии и видеа од гласни детонации и голем пожар наводно предизвикан од украински напад со беспилотни летала.
Снимките покажуваат густ црн чад што се издига над нафтениот терминал.
Анализата на рускиот независен Телеграм канал „Астра“ заклучи дека дроновите го погодиле нафтениот терминал во Санкт Петербург и го предизвикале пожарот.
Тоа е еден од најголемите руски магацини и извозни терминали за нафтени деривати.
Објектот се наоѓа на брегот на Финскиот Залив, дел од Големото пристаниште Санкт Петербург, а низ него годишно минуваат околу 12,5 милиони тони нафтени производи што се транспортираат со речен, железнички и патен сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…