(Видео) Украинците се пофалија: Уништивме десет руски тенкови за една вечер
Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави видео од уништувањето на дури десет руски тенкови и едно оклопно возило. Операцијата, тврдат, била извршена само за една ноќ.
Заедно со видеото во објавата пишувало дека специјалци од единицата на СБУ „Бели Вукови“ уништиле десет тенкови, пишува Јутарњи лист.
„Нашите специјални сили од Центарот за специјални операции „А“ уништија непријателска опрема во правец на Доњецк. Запален е и еден непријател БТР. Со тој чин во една ноќ се уништени единаесет мети“, се вели во соопштението.

Од друга страна, Олександр Сирски, командант на копнената армија на Украина и командант на Источната група на вооружените сили на Украина, изјави дека Русија го напаѓа речиси целиот источен фронт.
„Сепак, Бахмут сè уште е епицентарот. Борбите за градот продолжуваат. Непријателот ги ангажираше сите свои сили и се обидува да ја пробие одбраната на неколку фронтови и целосно да го опколи градот“, рече Сирски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…