(Видео) Утрово во пет колони се влегуваше во Грција преку преминот „Богородица“

t

Од утринските часови, па се до пладне, преку граничниот премин Богородица во Грција се влегуваше во пет колони, а зголемена фреквенција на возила и патници е забележана и на преминот Дојран-Дојрани.

Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, фреквенцијата драстично е намалено околу 12 часот, до кога најголем број патници и возила заминале од државата.

Како што информираше тој, зголемената фреквенција на премините кон Грција е очекувана, а македонските погранични служби работат со полн капацитет.

Според информациите од АМСМ се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државава е околу 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа влегува во зимата со ниски резерви…

Европа ја пречекува зимата со пониски резерви…

Страшен случај на семејно насилство: Малолетно девојче…

Сериозен случај на сомневање за насилство и…

„Фолксваген“ планира замрзнување на платите до 2030…

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ планира да ги…

Вучиќ: Нема да дозволиме да ја украдат…

На самиот крај од изборната кампања, пред…

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО,…

Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во…