Објавено на:

(Видео) Фатена „подморница“ на албански шверцери за транспорт на дрога

t

Од раните утрински часови денеска во провинциите Торино и Фросиноне и на албанска територија во тек е широка операција против дрога на карабинерите на истражната единица на Одделот за операции на покраинската команда на Торино, јавија италијанските медиуми.

Полицијата спроведува различни мерки на претпазливост и претреси. Операцијата ја координира Окружната дирекција за борба против мафијата во Торино, во соработка со Службата за меѓународна полициска соработка, Канцеларијата за безбедност во Тирана и Интерпол, а има за цел борба против меѓународната трговија со наркотици.

Според откритијата на италијанските карабинери, организацијата ја воделе двајца браќа со албанско потекло, кои користејќи значителни финансиски средства регрутирале „нарко работници“ меѓу двете земји, во Италија и Албанија.

Тие тестирале и подморница за транспорт на дрога во Италија со далечинско управување.

Подморницата иако контруирана, сè уште не била пуштена во употреба.

Истрагата е наречена „Car Wash“, бидејќи потекнува од истрагите за менаџери на перални за возила кои управувале со неколку плантажи со марихуана, па иследниците реконструирале делови од организација со седиште за логистика во провинцијата Торино, која оперирала помеѓу Еквадор, Белгија, Франција, Шпанија и Италија.

Групата е осомничена дека ги снабдувала големите италијански центри за шверц на дрога со значителни количини кокаин, хашиш и марихуана.

За време на истрагите, спроведени од ноември 2021 година до крајот на 2022 година, истражителите пресретнале неколку пратки со дрога и заплениле над 204 килограми, вклучувајќи кокаин, хашиш и марихуана.

Кокаинот најверојатно пристигнал во Италија од Јужна Америка, минувајќи низ Холандија, додека остатокот транзитирал низ Шпанија и Франција, при што се користени автомобили во вградени двојни подови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Град Скопје објави јавен повик за субвенции…

Град Скопје објави Јавен повик за доделување…