(Видео) Фатен жив… Бране од опозиција бараше илјада евра минимална плата – На власт вели дека миминалецот не мора да расте туку ќе расте неговата куповна моќ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски влезе во кавга со новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски на социјалната мрежа Фејсбук.
Милошевски му посочи на Петрушевски дека е срамно да ги напаѓа синдикатите на прес-конференции како што тоа го прави со денови затоа што делува дека не сака да се зголеми минималната плата од 400-тини евра.
-Ова е Бране.
Бране граѓаните го плаќаат 3 илјади евра месечно за да излегува на телевизија и да ги убедува дека 400 евра се сосема доволни за нормален живот.
Немој да бидеш како Бране.
Петрушевски му реплицираше на Милошевски со низа навреди на социјалниет мрежи нарекувајќи го квази новинар и партиски бот.
-Милош Милошевски најди моја изјава во која убедувам дека 400 евра се сосема доволни за нормален живот, и јас веднаш ќе дадам оставка од функцијата пратеник. Во спротивно не очекувам извинување од тебе, бидејќи очигледно од квазиновиннар си станал партиски бот. Воедно, платата на пратениците е јавен податок и е далеку помала од 3 илјади евра. Исто и ова за платата доколку го поткрепиш со доказ, и тогаш давам оставка, а во спротивно повторно од тебе не очекувам извинување. Имај убав ден, пишува Петрушевски на Фејсбук.
На сево ова доби неочекуван одговор од Милошевски со видео доказ, погледнете:
-Oва е Brane Petrusevski пак…
Бране во опозиција тврди дека минималната плата треба да биде илјада евра, а кога е на власт вели дека минималната плата во бројка не мора да се зголемува туку ќе расте нејзината куповна моќ.
Бране се налути на мојот претходен Фејсбук пост. Еве ако е на страна на работниците нека предложи минимална плата како што предлагаше во опозиција од 1000 евра.
Бране не знае дека она за кое што се залагаш се покажува со дела, а не со зборови.
Не биди како Бране.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…
Клиентите на Алта банка Србија можат да…
Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…