Објавено на:

(Видео) Фешта на „Комити“, па грмна „Заветна“ од илјадници грла во Струмица!

t

Фудбалерите на Вардар не дозволија изненадување и враќање во Втората фудбалска лига. Во клучниот натпревар во сезоната „црвено-црните“ со сигурни 2-0 го совладаа Детонит Плачковица и го „одбранија“ прволигашкиот статус.

Вардарци и на оваа средба имаа огромна поддршка од своите фанови кои во Струмица допатуваа во огромен број. Главната трибина од стадионот „Благој Истатов“ беше речиси целосно исполнета од навивачи на Вардар, кои, покрај големата поддршка, приредија вистинска фешта.

Пред самиот крај на натпреварот илјадниците фанови на Вардар ја отпеаја популарната „Заветна“, а на тоа не останаа имуни и останатите присутни гледачи и им се приклучија во изведбата на вардаровите навивачи.

Головите за Вардар на оваа средба ги постигнаа Ѓуриќ и Сушњара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни до 200 евра за возење сам…

Возењето сам во лента резервирана за повеќе…

Нов раст на енергенсите: „Брент“ над 106…

Нов раст на цените на енергенсите е…

Македонската и хрватската Царина потпишаа Меморандум за…

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и…

25 години од ударот врз кулите близначки:…

На 11 септември 2001 година, пилоти-самоубијци на…

Речиси целото злато на Земјата е под…

Огромен дел од златото на Земјата не…