(Видео) Филипче: Се е претворено во шоу, власта не ја води државата туку ја режира

t

Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите на луѓето, која ја третира државата како сопствена компанија, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош.

Тој посочи дека владеењето на власта е претворено во шоу, наместо во конкретни дела, мерки и политики за граѓаните и за напредок на државата.

„Денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира. Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина“, истакна Филипче. Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ и во најтешките кризи, здравствената, енергетската, економската – не дозволија државата да се распадне, и покажа дека и во тешки времиња може да се мисли на луѓето. „Ги зголемивме платите, ја воведовме методологијата за раст на пензиите, ја подигнавме минималната плата, ја зголемивме социјалната помош за оние што живеат најтешко. После 3 децении ги решивме проблемите на стечајните работници. Не ветувавме чуда, но направивме конкретни чекори што го олеснија животот на граѓаните. И тоа е мерката на една сериозна политика – кога во криза покажуваш грижа, а не алчност“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…