(Видео) Фон дер Лајен: „Ја поканувам Канада да биде првата придружна членка на ЕУ“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја повика Канада да стане првата „придружна членка“ на Европската унија.
Бидејќи Канада не е европска држава, според договорите на ЕУ не може да стане полноправна членка на Унијата. Затоа, европските претставници во последно време бараат други можности за продлабочување на односите.
Во средата, фон дер Лајен на Отава ѝ понуди статус на „придружна членка“.
„Ја поканувам Канада да биде првата придружна членка на Европската унија“, изјави фон дер Лајен.
Сепак, допрва треба да се види што конкретно би значел овој статус и кои права и обврски би ги носел.
Она што е јасно е дека политичката порака кон светот е силна: и Брисел и Отава изгледа се подготвени дополнително да ги продлабочат своите односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…