[ВИДЕО/ФОТО] 19-годишна девојка со потекло од Македонија киднапирана од Хамас, семејството бара помош за нејзино спасување

t

Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7-ми октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Ваквата информација ја потврди Рашел Леви Друмер, професорка во Израел која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

На социјалните мрежи е објавено и видео од 19-годишната Наама на кое се гледа дека била малтретирана. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло, кое, како што се тврди, го има од нејзина чукунбаба.

„Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Таа е активист за мир, но била киднапирана и однесена во Газа. Има докази и видео од неa“, изјавила професорката Друмер за „Гласот на Америка“.

Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината пра-прабаба Грасиа Бивас била родена во Македонија во 1893 година, во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел каде што низ годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

https://mk.voanews.com/a/rashel-levi-drumer-hamas-kidnapira-devo%D1%98ka-so-makedonski-koreni/7346957.html?utm_medium=affiliate&utm_campaign=VOA-player7346957&utm_source=tocka.com.mk%2F&utm_content=player

„Но, киднапирана е, има слики дека е жива, се гледа и дека била силувана. Се бара помош, можеби преку тоа што има македонски корени би можело да се направи нешто во таа релација. На тоа работам сега“, вели професорката Друмер.

Киднапираната девојка Наама Леви била дел од мировната организација „Раце на мирот“, чија мисија била да ги поттикне младите од Израел, Палестина и од Америка да станат промотори на мирот.

„Таа е борец за мир. Се бореше да се зборува и да се направат контакти со нашите соседи, со луѓето од Газа“, додава професорката Друмер.

Според израелските воени институции, во нападот на Хамас на 7-ми октомври биле киднапирани 242 Израелци. Од нив до сега четворица биле ослободени, а еден бил спасен.

Повеќето македонски граѓани кои се наоѓаа во Израел, како и во Газа, беа евакуирани и пристигнаа во земјава преку специјални хуманитарни летови, пренесува „A1он“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…