(Видео) Франција е европски ракометен шампион

t

Машката ракометна репрезентација на Франција го освои златниот медал на Европското првенство совладувајќи ја во финалето Данска со 33:31 по продолженијата.
Французите ја освоија четвртата титула на Европско првенство, прва по десетгодишна пауза.
Првото полувреме помина во резултатски ритам, Франција еднаш и Данска два пати имаа по два гола предност, но по 30 минути игра семафорот беше изедначен – 14:14.


Во редовите на Данска се истакна Гидсел со четири гола, а на другата страна дури три имаа по три погодоци.

Претходно Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство и воедно се пласираше на Олимписките игри во Париз.
Шведските ракометари ја победија селекцијата на Германија во мечот во Келн за третото место на Европското првенство со резултат 34:31 (18:12).
Најефикасен во шведската селекција беше Феликс Клар со осум гола, додека Себастијан Карлсон постигна седум. На голот на шведскиот тим брилјираше голманот Андреас Паличка, кој имаше 19 одбрани.
Најдобар играч во германската репрезентација беше Ренарс Ушинс, кој постигна осум гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…