Објавено на:

(Видео) Французинка го нападна Макрон: Зошто ги укина привилегиите на пензионерите? Отсечен си од животот, што ќе добиеш кога нема да бидеш претседател?

t

Повозрасна госпоѓа од Франција го нападна се уште актуелниот претседател Емануел Макрон за време на негова средба со граѓани. Французинката не е задоволна што Макрон ги укинал бенефициите за пензионерите.

„Гласав за тебе, но жалам што направив така! – Кажи ми зошто? – Зошто?! Зошто ги укинавте поволностите за пензионерите? Кога ќе престанете да бидете претседател, какви придобивки ќе добиете? Дали сепак ќе добивате 14 илјади евра?

Не ставивте во карантин две години! Моравме да ги приклучиме муцките на нашите деца во училиштата! – Отсечен си од животот! – Дали сум отсечен од животот? Дали ми го кажувате тоа, господине Макрон?! Да, од ова ќе умираат од смеење пред екраните!” – му рече пензионерката на Макрон.

Макрон ќе се соочи со кандидатката на десницата Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција на 24 април.

Погледнете го видеото во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…