(Видео) Фудбалер на Фк Тетекс го искина црвениот картон на судијата
Фудбалер на Тетекс го искина црвениот картон на судијата Бизарна ситуација се случи на второлигашкиот натпревар меѓу Гостивар и Тетекс.
По започнувањето на натпреварот, гостинскиот голман Александар Анѓелковски во 2. минута ја фати топката во свои раце неколку сантиметри надвор од шеснаесетникот, по што главниот судија Дејан Младеновски, почитувајќи ги правилата, му го покажа црвениот картон.
Тоа не му се допадна на напаѓачот Христијан Кировски, кој му го зеде црвениот картон, го искина и го фрли на земја. Судијата истрча до четвртиот судија по нов црвен картон, за да го исклучи нервозниот Кировски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот рубин добива „пасош“: Сертификат, регистар и…
Македонскиот рубин треба да престане да биде…
Стејт департментот нуди награди за информации за…
На 25-годишнината од терористичките напади врз САД,…
Хаос во Сплит: За еден час падна…
Силно невреме утрово го зафати хрватскиот град…
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Канадски претприемач гради 99 куќи за да…
Канадскиот претприемач Марсел Лебрун ја продаде својата…