(Видео) Хаг под блокада: Масовни антивладини протести на холандските фармери!
Во исто време климатските активисти, кои се лути на владата за поддршката на употребата на фосилни горива, ги пробија полициските кордони и ја блокираа главната улица на неколку часа, пренесува Associated Pres.
Двете големи групи беа оддалечени неколку километри една од друга, а демонстрациите беа организирани четири дена пред покраинските избори. На изборите во среда, гласачите индиректно избираат членови на Горниот дом на националниот парламент и може да влијаат на предлозите за намалување на загадувањето со нитрати.
Полицијата вечерва со воден топ ги отстрани демонстрантите кои со часови одбиваа да го деблокираат патот и спречуваа влез и излез од градот. Пожарникарите поставија шатор во близина за да им помогнат на намокрените демонстранти да се исушат и загреат.
Полицијата соопшти дека ги запрела земјоделците кои со трактори се упатиле кон собирното место на земјоделците. Градот им забрани на сите, освен двајца возачи на трактори, да учествуваат, поради загриженост за безбедноста.
Илјадници луѓе, од кои многумина носеа холандски знамиња наопаку , кои станаа синоним за протестите на фармерите, и балони со логото на крајнодесничарската партија Форум за демократија, се собраа мирно пред бината во паркот.
Демонстрациите на двете места ги поттикнаа властите да распоредат воени камиони за да ги блокираат патиштата доколку трактори или други возила за протест се обидат да влезат во центарот на градот.
Владата најави дека емисиите на нитрати, произведени од сточарството, транспортот и индустријата, мора драстично да се намалат во близина на природните области кои се дел од мрежата на заштитени живеалишта за загрозени растенија и животни, која се протега низ 27-те земји членки на Европската унија.
Владата сака да ги намали емисиите на загадувачи, главно нитрати, за 50 отсто до 2030 година и наведува дека ова е „неизбежна транзиција“ насочена кон подобрување на квалитетот на воздухот, почвата и водата и признава дека тоа ќе значи „дека сите земјоделци нема да да можат да го продолжат својот бизнис“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу големи експерти во енергетика: Не работи…
Вториот од трите блока на РЕК Битола…
Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како…
Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата…
Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со…
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот…
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…