(Видео) Хакери им се закануваат на македонските власти од соборената веб-страница на скопската Автобуска станица
Веб-страницата на скопската меѓуградска автобуска станица (sas.com.mk) е хакирана од поединец или група што се нарекува себеси „Аргонс“, а на неа е поставено видео на кое се изнесуваат закани за „сајбер армагедон“ упатени кон македонските власти.
Судејќи според тоа што видеото е поставено на „Вимео“ на 13 октомври, се чини дека пораката на англиски јазик веќе два дена стои на хакнатата веб-страница.
„Мислевте дека можете да не искористите за да ги уништите своите противници со нашите методи. Но, никогаш не плативте. Тоа што е договорено, договорено е. Наскоро ќе видите дека не можете да се зае*авате со нас. Не плативте за она што го нарачавте со пари – сега ќе платите со болка. Судниот ден се приближува. Сајбер армагедон ќе се истури врз вас“, вели гласот во пораката кон властите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…