(Видео) Хаос во Грција, поплавени се училишта и патишта!

t

Бурата Бајрон, која ја погоди Грција, предизвика затворање на голем број училишта, поплавување на патишта и затворање на автопатот Атина-Коринт. Рано утрово, националниот автопат Атина-Коринт беше затворен во еден дел поради лизгање на земјиштето и насобрана вода, објави „Катимерини“.

Обилните дождови доведоа и до поплавување на други патишта, додека дрвјата паднаа во неколку области. Во зори, преку бројот 112 беше испратена порака до жителите на Мегара и Мандра да се преселат од подрумите и приземјето на зградите на повисоките катови поради развојот на поплавите.

Противпожарната служба, вооружените и безбедносните сили, шумската служба и регионалниот механизам за цивилна заштита се во состојба на готовност. Надлежните оддели на министерствата за здравство, инфраструктура и транспорт, животна средина и енергетика, труд и социјална сигурност, култура, како и рурален развој и храна, исто така, се ставени во состојба на висока готовност. Поради бурата Бајрон, која ги погоди источните и јужните делови на Грција, сите училишта во регионот Атика, како и на островот Родос, денес нема да работат, соопштија грчките власти.

„Безбедноста на нашите деца е приоритет за кој не може да се преговара. Донесуваме одлуки врз основа на научни податоци и не преземаме ризици“, рече гувернерот на регионот Атика, Никос Хардалиас. Тој додаде дека одлуката за затворање на сите јавни и приватни, основни и средни училишта е донесена по консултации со Цивилната заштита и Министерството за образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протести и во Грција: Ученици, студенти и…

Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…