Објавено на:

(Видео) Хаос во Одеса, експлозии одекнаа кај конвојот на Зеленски: Мицотакис беше во загрозена област

t

Силна експлозија е регистрирана денеска во Одеса, каде што е планирана средба на украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јавува Анса, повикувајќи се на информации од неколку украински канали Телеграма.

Како што јави „Прототема“, колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски, која се наоѓаше на 150 метри од грчката делегација предводена од премиерот Киријакос Мицотакис, била нападната со руски проектил во средата во 11:43 часот.

„Нема никакви проблеми со безбедноста на премиерот и грчката делегација“, велат официјални извори од Владата.

„Сите сме добро“, изјави претходно за „Прототема“ министерот Ставрос Папаставру, кој е во грчката делегација во која покрај премиерот има осум лица и нивното обезбедување.

Локалните медиуми јавуваат дека Одеса била погодена со проектил Искандер или проектил Оникс.

Воената управа на Одеса околу 14 часот попладне ги повика жителите да одат во засолништа. Според корисниците на Телеграм, во нападот загинале пет лица, а неколку се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пишмани шефицата на американското разузнавање: Иран…

Ситуацијата на глобално ниво станува сè понапната!…

Tрагедија во Скопје: Двајца најдени мртви во…

Црн ден за главниот град – во…

Еве за што е уапсен началникот за…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

УНХЦР: Израел и Иран итно да деескалираат,…

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)…

Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би…

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси…