(Видео) Хаос во Северна Митровица: Пронајдена бомба во ОИК!

t

Екипата за деминирање на косовската полиција неутрализираше неексплодирана рачна бомба во просториите на Општинската изборна комисија во Северна Митровица.


Според полициските службеници кои го обезбедувале местото на настанот, бомбата била уништена со таканаречена „контролирана експлозија“, а во моментов се врши повлекување на ЕУЛЕКС, КФОР, полициските службеници и тимот за деминирање од местото на настанот.

Како што јави репортерот на Косово онлајн, при интервенцијата се слушнала силна детонација. Уште една граната која се наоѓала во близина на просториите, според властите, експлодирала денеска.

Претходно денеска се слушнаа неколку експлозии во Северна Митровица, кога албански членови на ОИК, со помош на вооружена специјална полиција, насилно влегоа во просториите што ги користи Изборната комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…