(Видео) Хаос по затворите: Шокантна снимка од Идризово, затворениците спијат по земја
Во четири квадрата по шест луѓе вака изгледа состојбата во скопскиот затвор Идризово. На снимка која се појави на социјалните мрежи се гледа дека скопскиот затвор е пренатрупан, а затворениците живеат во нехумани и нечовечки услови.
Според снимката во собите големи четири квадрати има дури шест легла за затвореници односно кревети на три спрата на двете страни од собата.
Она што е е уште пошокантно е фактот што затворениците спијат на земја во ходниците. Погледнете го ова шокантно видео.
Имаме сериозен проблем со затворите во Македонија и нивна прекубројност на затвореници. Имаме случаи каде затвореници се сместени по ходиници бидејки нема место во затворот, посочува Насер Зибери, народен правобранител, за „Студио 10“ на ТВ 24.
Советот на Европа ни упатува критики за подобрување на условите во затворските одделенија. Условите во однос на храна, здравствена заштита, сместување. Тие се исто така далеку од потребните стандардите на затворската популација. Имаме случаи каде поради големиот број на зтавореници, некои се сместуваат во ходниците, вели Зибери.
Потребен е процесот на ресолизација на затворенциите. Ние немаме обуен кадар. Смислата на изолација и ставање на лицата кое сое во судар со законот е, да се ресоцијализираат. Често пати ни се вракаат како рецедивисти заради условите на затворот, додава Зибери.
Правобранителот додава дека голем дел од затворската полиција не е доволно обучена за постапување со овие лица и потенцира дека постојат злопутреби и кај третманот на лицата зависници од дрога каде терапијата ја дели лице неовластено. Освен две-три установи, останатите немаат психијатар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…
32 бебиња се родиле викендов на ГАК!
Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…