(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана пред болница!

t

Бремена жена на возраст од околу 35 години, која дошла на Клиниката за гинекологија во Приштина за да се породи, попладнето била убиена со неколку истрели од огнено оружје пред влезот во клиниката, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, околу 18.00 часот пристигнала пријава дека во дворот на Универзитетскиот клинички центар на Косово е пронајдено тело на жена. Според информациите кои ги објавија медиумите, убиецот e сопругот на застреланата жена, со која биле во процес за развод на бракот.

„Во моментов полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Засега нема информации за уапсени осомничени за страотното злосторство.

Реагираа косовските политичари. Премиерот Албин Курти изјави дека ова е „сурово, неприфатливо и неподносливо“ убиство.

„Згасна живот кој носеше уште еден живот. Жената беше бремена. Околу 35 години, ниту на половина живот. А детето кое сакаше да го роди не го ни започна животот. Суров убиец”, напиша Курти во објава на Фејсбук.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека мора да се стави крај на „бранот на криминалот“ и „фемицидот“, барајќи правда за жртвите на насилство.

„Одговорот за насилниците и убијците е ред, закон и максимална казна“, порача Османи.

Ова е втора жена која е убиена во последните денови на Косово, откако на 25 ноември беше објавено дека маж си ја убил сопругата со секира, исто така во Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…

Министерството за одбрана на Косово денеска ги…

Тепачка на броење гласови во Приштина, интервенираше…

Во центарот за пребројување гласови во Приштина…

Хорор кај Јагодина: Мајка на пет деца…

Мајката А.Ѓ. (33) од околината на Јагодина е…

Четири лица се повредени во престрелка во…

Во престрелката што се случи синоќа во…

Расте бројот на туристи во Косово

Од почетокот на 2024 година до крајот…