(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана пред болница!

t

Бремена жена на возраст од околу 35 години, која дошла на Клиниката за гинекологија во Приштина за да се породи, попладнето била убиена со неколку истрели од огнено оружје пред влезот во клиниката, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, околу 18.00 часот пристигнала пријава дека во дворот на Универзитетскиот клинички центар на Косово е пронајдено тело на жена. Според информациите кои ги објавија медиумите, убиецот e сопругот на застреланата жена, со која биле во процес за развод на бракот.

„Во моментов полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Засега нема информации за уапсени осомничени за страотното злосторство.

Реагираа косовските политичари. Премиерот Албин Курти изјави дека ова е „сурово, неприфатливо и неподносливо“ убиство.

„Згасна живот кој носеше уште еден живот. Жената беше бремена. Околу 35 години, ниту на половина живот. А детето кое сакаше да го роди не го ни започна животот. Суров убиец”, напиша Курти во објава на Фејсбук.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека мора да се стави крај на „бранот на криминалот“ и „фемицидот“, барајќи правда за жртвите на насилство.

„Одговорот за насилниците и убијците е ред, закон и максимална казна“, порача Османи.

Ова е втора жена која е убиена во последните денови на Косово, откако на 25 ноември беше објавено дека маж си ја убил сопругата со секира, исто така во Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентарното собрание на Советот на Европа го…

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ)…

Ескобар: Загрижени сме бидејќи Приштина го поткопува…

САД се надеваат дека претставниците на Приштина…

Жена почина на паркинг во Кисела Вода!

На 19.02.2024 околу 11.30 часот во СВР…

Вучиќ во СБ на ОН: Ова што…

Ова што го прави Приштина е злосторство…

Полиција упаднала во клиниката што ја користат…

Припадниците на косовската полиција извршиле претрес во…