Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа предвид, тоа е дезинформација
Министерството за одбрана на Косово денеска ги демантираше медиумските наводи дека е планирано повлекување на американската армија од Косово.
– Оваа вест, која ја шират некои веб-страници и телевизиски канали, е дезинформација која ја шират надворешни актери со цел да се дестабилизира земјата и Западен Балкан, се наведува во соопштението од косовското МО.
Во соопштението се вели дека повлекувањето на американските трупи од НАТО-силите во Косово (КФОР) „не доаѓа предвид“, бидејќи таквите одлуки за распоредување или повлекување „не се носат случајно“.
Косовското Министерство за одбрана наведе дека е во постојана координација со САД за секоја одлука и во редовна неделна комуникација со КФОР, потенцирајќи оти тврдењата на медиумите се неосновани. Во КФОР има околу 600 американски војници.
Западните земји стравуваат дека евентуалниот договор помеѓу Вашингтон и Москва за Украина и промената на приоритети на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп може да доведе до завршување на присуството на американски војници во делови од Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…