Објавено на:

(Видео) Хорор во Јужна Африка: 14 луѓе загинаа при пукање во бар

t

Во пукање во бар во Совето, предградие на Јоханесбург, Јужна Африка, загинаа 14 луѓе, а тројца се во критична состојба, извести полицијата.

Според полициското соопштение, се истражуваат извештаите дека група мажи пристигнале со минибус и отвориле оган врз гостите во барот синоќа, пренесува агенцијата АП.

Тројца тешко повредени, во критична состојба, се пренесени во болница.

„Бројот на куршуми пронајдени на местото на настанот укажува на тоа дека група луѓе пукале во гостите“, рече полицискиот комесар на провинцијата Гаутенг, Елиас Мавела.

Тој додаде дека во моментов ги немаат сите детали за тоа кој би бил мотивот за пукањето.

„Можете да видите дека било употребено огнено оружје со висок калибар и дека било пукано по случаен избор, и дека секој од тие луѓе се мачел да излезе од барот“, изјави Мавела за АП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

23 години од масакрот кај Вејце –…

Денеска се одбележуваат 23 години од нападот…

Да не се заборави: 12 години од…

Денеска се навршуваат дванаесет години од петкратното…

Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ, сведочи момче…

Денеска во Палатата на правдата во Белград…

„Видов крвави луѓе на подот, го скршивме…

За време на страшниот терористички напад во…

И наставничката ранета во масакрот во „Рубникар“…

И наставничката по историја Татјана С., која…