(Видео) Хорор сценарио во Трубарево: Се слушаат експлозии, горат два погони со литиумски батерии!

t

Во скопското село Трубарево попладнево избувна голем пожар проследен со серија експлозии, откако се запалиле литиумски батерии и електричен отпад во два погони на фирмата „Ф – ГРУПАЦИЈА“.

На терен интервенираат два полициски хеликоптери и авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а пламенот и густите облаци чад се видливи од речиси сите делови на Скопје.

Согорувањето на батериите е причина за гласните експлозии кои постојано одекнуваат и предизвикуваат вознемиреност кај жителите во околината. Засега нема информации за повредени лица.

Екипите на Противпожарната бригада, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување остануваат на терен сè додека пожарот не биде ставен под контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два авиони на „Американ Ерлајнс“ се судриле…

Два патнички авиони „Боинг 737“ на американската…

Сиљановска: Децата треба да учат уште во…

„Заборавете на гневот, заборавете на лошите зборови,…

(Видео) Насилни протести во Тирана, осуммина повредени,…

Илјадници граѓани излегоа на улиците во Тирана,…

Убиство во обид: Се бара притвор за…

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…

Балканот зафатен од снег и ветер, во…

Во Македонија, по денешните врнежи, од почетокот…