(Видео) Хрватскиот министер Дабро, полугол и по влечки, пука со „калашников“ во поле

t

Откако неодамна се појави фотографија на која се гледа доскорешниот хрватски министер и вицепремиер во владата на десничарската ХДЗ, Јосип Дабро, со „калашников“ во рацете, медиумите денеска ја објавија и снимката од инцидентот поради кој министерот за земјоделство беше принуден да поднесе оставка.

Неодамна, исто така, беше објавена и друга снимка, на која Дабро пука со пиштол во автомобил во движење.

На новата снимка, министерот, гол го појасот, со влечки на нозете, стои во поле и испукува осум куршуми од автоматската пушка. Во Хрватска, инаку, не постои законска можност цивили да поседуваат автоматско оружје. Видеото е уште поинтересно ако се земе предвид изјавата на Дабро кога беше објавена фотографијата.

„Пушка? Која пушка?“ – се чудеше тогаш Дабро пред новинарите.

Дабро поднесе оставка минатата недела, откако се појави видеото во кое пука низ прозорец од автомобил. Полицијата влезе во домот на поранешниот функционер и изврши претрес.

– Секоја нова снимка само ја зајакнува нашата верба дека мора да истраеме во борбата за хрватското земјоделство и решавање на проблемите во хрватските шуми. Колку е поголем притисокот, толку сме посилни – напиша претходно Дабро на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…

Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…

Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…

Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…

Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…

Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…

Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…