Објавено на:

(Видео) Хрватскиот премиер со поддршка за Јанез Јанша пред претстојните парламентарни избори во Словенија

t

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го поддржа својот словенечки колега Јанез Јанша, кој се кандидира за нов мандат на парламентарните избори во Словенија в недела.

„Во пресрет на парламентарните избори во Словенија, сакам да му дадам силна поддршка на мојот пријател, премиерот Јанез Јанша и на Словенечката демократска партија“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Хрватскиот премиер рече дека со својот словенечки колега во последните неколку години имал одлична соработка за подобрување на односите меѓу двете земји.

„Ја подобруваме економската соработка, ги решаваме отворените прашања и работиме заедно на решавање на големите кризи како што е ковидот или денешната енергетска криза“, рече Пленковиќ, кој е убеден дека Јанша ќе победи во недела. СДС на Јанша е член на Европската народна партија, како и ХДЗ.

Речиси 1,7 милиони словенечки гласачи в недела ќе излезат на гласање за да одлучат помеѓу политиката што ја спроведува актуелниот премиер Јанез Јанша во последните две години и алтернативата што ја вети менаџерот Роберт Голоб, претставувајќи се како негов антипод.

Словенците во недела ќе изберат 90 пратеници на деветтото свикување на Националното собрание откако Словенија стана независна.

Движењето за слобода, формирано пред изборите од Роберт Голоб, истакнат менаџер кој долги години ја водеше големата државна енергетска компанија ГЕН, и Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер се во мртва трка.

Според анкетата на Дневник и Вечер во средата, Движењето за слобода има 26,3 отсто, а СДС на Јанша 25,5 отсто.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ казнет 400 евра поради несовпаѓање на…

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска е…