(Видео) Чепреганов: Ако ги внесеме Бугарите во Уставот како може да знаеме дека утре нема да бараат Македонците да бидат избришани оти “биле Бугари”?

t

Историјата како да ни се повторува, како бумеранг како да ни се враќа таа идеја на Ванчо Михајлов.

Гледаме што испадна од Договорот со Бугарите, само проблеми се таложат, дали да влезат Бугарите во Уставот.

Тоа е највисок правен акт, таму влегуваат државотворните народи, Бугарите не се бореле за македонската држава. Дали ако влезат во Уставот нема да си направиме поголем проблем? Што правиме со тие 100.000 пасоши што ги има, нема ли да бараат школи, јазик… Оној што ви ја негира државата ќе го ставите во Устав! – вели професорот Тодор Чепреганов во денешната епизода на Тешки муабети.

– Да влезат како бугарско малцинство ќе не диференцира, ама тие бараат да бидат државотворен народ, а тие не се бореа во НОБ, денеска не негираат, ко бајаги не признаваат некои од 45-та, некои никогаш и ти ставаш во Устав некој кој не те признава.

Може да бараат еден ден да кажат бараме од Уставот да се избришат Македонците оти тие се Бугари? Ако влегуваат како бугарско малцинство добро, така се разграничуваме. Тие зошто не го признаваат македонското малцинство, титова творба сме биле, а нив кој ги создаде, Тито?

До 41-ва не го знаеја тука Тито, он ја создал македонската држава. Тие луѓе во Пиринска Македонија имаат колективна ммеорија, таму отидете и прашајте ги што мислат за сите личности? Зошто има споменик на геноцидот на Македонците, кога во Горна Џумаја се убиени еден куп Македонци убиени по наредба на Ванчо Михајлов, се направи покол таму! – вели професорот Чепреганов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…