(Видео) Чепреганов објаснува: Зошто Македонците никогаш не добија Обединета Македонија?!

t

Професорот Тодор Чепреганов во денешното гостување во “Тешки муабети” објасни за македонското прашање, какви премрежја доживеале Македонците и зошто никогаш не ја добивме обединетата етничка држава.

– Ако една држава нема малцинство во околните држави таа нација не постои, апсурдот е што нашите малцинства не се помогнати од матичната држава. Постојат дипломатски канали како да се заштитат тие луѓе, загарантирано е тоа со куп меѓународни договори. Во Албанија што се прави? За да може да влезат во ЕУ им напишаа дека имало бугарско малцинство, а немаат контакт со таа држава и нашите молчат.

Има документ на британски мисионер кој знае грчки оди во Лерин и таму не може да се разбере со нив и вика ова е грешка, ова е Македонија, луѓето се Македонци, тие зборуваат на македонски не на бугарски или српски, патриотизмот кој го имаат не е вештачки туку природен кој им се пренесува од колено на колено, топонимите си ги викаат по нивно не на грчки.

Знаете дека во разговорите кои ги имала големата тројка македонското прашање воопшто не се споменува? Знаете дека Грција и Хугославија потпишаа договор за југословенско-грчка федерација каде не требаше да постои Македонија од 41-ва година.

Но 43-та година Британците дознаваат дека има македонско партизанско движење, Черчил тогаш бара да му направат анализа на тоа прашање и за една недела добива цел историјат на државата која почнувала од АНТИКА! Тие биле блесави па ние тоа денес го негираме?

Кога го видел целиот историјат, заклучокот е дека никако не смее да има обединета Македонија, само слободна држава во рамки наЈугославија и никако федерација со Бугарија и Југославија. Се плашеле Советскиот сојуз да не излезе на топлите мориња. Тито тоа го знаел ама ги лажел Македонците, објаснува Чепреганов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…