(Видео) Четиринаесет тони бои и лакови изгореа во пожарот во Тетово, се испитува колку се загадени почвата и водата

t

Во пожарот во магацин тетовското село Фалише, изгореа 14 тони бои и лакови и други хемиски препарати.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и други хемиски препарати.

„Од вчера до денес врне слаб дожд а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници поради што нема потреба од мерки за заштита од дополнително загадување“, вели Ангелов.

Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување.

Претходно денес, министерка за животна средина, Каја Шукова рече дека ќе има загадување и на почвите и водите, а евидентно е дека ќе има и загадување на воздухот. Затоа уште вчера, вели таа, беше издадена препорака до граѓаните да не излегуваат без потреба, вратите и прозорците на домовите да бидат затворени. Препораката до граѓаните е да внимаваат и во следните неколку дена.

Шукова истакна дека доколку во тој крај има земјоделски култури, тие не треба да бидат во употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…