(Видео) Човекот кој го испровоцира 27-ми април претседател на партија во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ – Зекирија Ибрахими – нов претседател на Алтернатива

t

Алтернатива денеска одржува вонреден изборен конгрес, откако по изборот за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка на челната позиција во партијата.

Една од точките на дневен ред беше изборот на нов претседател. За оваа функција беше избран Зекирија Ибрахими, поранешен пратеник во Собранието.

До неговиот избор вршител на должност претседател во Алтернатива беше Беким Сали.

Пратеникот којшто пееше албанска химна во Собранието на 27 април беше токму Зеќирија Ибрахими од партијата Беса, а денес претседател на Алтернатива. Ибрахими беше дел од собранискиот состав 2016 – 2020 година. Токму пеењето на албанската химна ги испровоцира во дел настаните од 27 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите потврдуваат: Путин во разговорот со Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор…

10 октомври – Светски ден на менталното…

Денеска, 10 октомври, ширум светот се одбележува…

Денеска е Свети Калистрат: Празник посветен на…

Православните христијани денеска, 10 октомври, го одбележуваат…

Времето денес променливо облачно, попладне се очекуваат…

Променливо облачно време со сончеви периоди во…

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…