(Видео) Шведската министерка за финансии: Санкциите кон Русија имаат ефект, ама не знаеме каков

t

Зборувајќи за ефективноста на антируските санкции кои ги воведе Западот, шведската министерка за финансии Елизабет Свантесон рече дека санкциите дефинитивно функционираат, но не се знае како:

„Се разбира, санкциите имаат ефект. Но, не знаеме точно како, многу е тешко да се измери дејството“ – рече таа.

Европската Унија донесе девет пакети санкции за Русија, со цел да ја принуди да го пркеине конфликтот во Украина. Според ЕУ санкциите имаат ефект, додека според изјавите на руските официјални претставници тој ефект бил незабележителен и ниту оддалеку не ја погодил руската економија.

ЕУ моментално подготвува десетти пакет санкции, кој засега отворено не го поддржува Унгарија која најавува дека ќе стават вето на овој пакет санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…