Објавено на:

(Видео) Шек импресиониран од Јокиќ: Те прогласувам за член на „Алијансата на центрите“!

t

Новата одлична партија на Никола Јокиќ за победа на Денвер во првиот меч од финалето во НБА-лигата овој пат се случи пред очите на Шекил О’Нил, еден од најдоминантните центри во историјата на НБА-лигата. По завршувањето на мечот и триумфот на Денвер, Шек не криеше дека е фасциниран од Србинот.

Како дел од „Инсајд НБА“, шоуто на ТНТ посветено на најпопуларната кошаркарска лига, Шекил О’Нил разговараше за Јокиќ и со Јокиќ на импровизираното студио во „Бол арена“ и кажа дека Јокиќ е нешто посебно.

„Ова момче е супер импресивен центар и среќен сум што го гледав во живо. Тој е дефиниција за некој што знае како играта да му дојде кај него. Јас или Чарлс Баркли сме гризеле за ние да ја зграпчиме играта, но нему таа му доаѓа. Тој е дефиниција за голем играч“, рече Шекил, анализирајќи ги хајлајтсите од Јокиќ.

https://twitter.com/NBATV/status/1664467937632329729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1664467937632329729%7Ctwgr%5Ee17e5cfe4f24962e56b6595832a3a01768ab902e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fshek-impresioniran-od-jokikj-te-proglasuvam-za-chlen-na-alijansata-na-centrite-video

Кога Србинот им се придружи за да ја даде својата реакција по победата, Шек му призна дека може да се вброи меѓу најдобрите центри на сите времиња, каде што, впрочем, спаѓа и самиот тој..

„Не давам многу пофалби за центрите, но тебе можам да ти ги дадам сите комплименти на светот брате. Многу импресивно. Сега те прогласувам за член на алијансата на центрите“, заврши Шек во смеа.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…

При претрес во Битола, пронајдено е оружје…

Воз излета од шини во Франција: Повеќе…

Најмалку 44 лица се повредени, од кои…

Грција петкратно го зголемува данокот на имот…

Грчката влада има намера значително да го зголеми…

Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…

Најмалку 12 лица се повредени во масовен…

УЈП ја објави листата на должници: 2.008…

Даночен долг кон државата од над 13,64…