(Видео) Шилегов потрошил над 400 милиони денари за две улици – Претходниот состав на Советот на Град Скопје има најмногу изедени бифтеци по глава на советник

t

Соетникот во Советот на Град Скопје, Филип Јаневски, на денешната седница на Советот истакна дека минатото раководство на градот има само 13 капитални инвестиции, а две од нив чинат повеќе од 400 милиони денари.

Јаневски констатираше дека претходниот состав на советот има најмногу изедени бифтеци по глава на советник од било кој претходен состав на Советот.

Го пренесуваме говорот на Јаневски во целост:

“Би сакал да се осврнам на вашето фалење, колку вие сте се грижеле за животната средина, колку паркови сте направиле…

Дигитализација на парк шума Водно 0 денари реализирани, заштита на локалитет Водно 0 денари реализирани, заштита на локалитет кањон Матка 0 денари…

Изработка на техничка документација за спречување на ерозија за скопски регион 0 денари. Не знам како вие сте се грижеле за животната средина кога работите што најмногу сте требале да обрнете внимание не сте обрнале.

За извештајот за реализација на капитални инвестиции на Град Скопје, целиот извештај е пола страна. Една година ја собира на пола страна, 13 инвестиции има, едната е набавка на садници и подигнување на јавното зеленило на магистрални улици за што се потрошени 3 милиони евра.

Ова не се десило. Нигде нема резултати од вашиве инвестиции. Ја спомнавте Универзална сала, 4 години ја почнувате и минатата година сте потрошиле 42 милиони денари и уште не е завршена. Бидете убедени дека ние ќе ја завршиме побезбедно од било кога што вие сте можеле да ја направите.

Не знам со кој образ излегувате овде и кажувате што сте постигнале.

Дел од овие 13 капитални проекти се изградба, одржување и партерно уредување на кеј на реката Вардар за кој се потрошени фантастични 107 милиони денари. Набавка на урбана упрема, фазна реализација на булевар АСНОМ 262 милиони денари, изградба и одржување на булевар Босна и Херцеговина 172 милиони денари.

За две улици имате потрошено над 400 милиони денари. Ова не е за фалење. Сте заборавиле да напоменете дека имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник во било кој од претходните мандати.

За тоа има пари ама не сте успеале да ја завршите Универзална сала.

Голем дел од приливите на буџетот доаѓаат од кредити. Во година кога сте имале 41% реализација на самофинансирачки активности, а сте го задолжиле градот за 260 милиони, вие сте се расфрлале со пари како да ќе нема утре.” – рече Јаневски.

Следете ја седницата на Советот на Град Скопје на слениот линк: https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/510781440456080

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…