(Видео) Шокантна изјава на пратеник на Влен: Ако Македонија не ги направи уставните измени не заслужува да постои како држава

t

Пратеникот на ВЛЕН, Ријад Шаќири вчера имаше шокатна изјава по однос на уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот.

Водителот неколку пати му го поставуваше истото прашање на пратеникот на Влен, што ќе се случи доколку не се донесат уставните измени и дали Влен ќе ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ?

Шаќири невешто го избегнуваше одговорот за на крај да изјави дека доколку не се случат уставните измени Македонија не заслужува а постои како држава.

-Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава, ако нема перспектива за членство во Европската Унија, не треба да постои како држава, изјави Шаќири.

Пратеникот Скендер Реџепи, кој беше дел од Алтернативата, а сега дејствува како независен пратеник, прв од пратениците доби збор на седницата за уставните измени за вметнување на Бугарите. Тој бараше да се избрише формулацијата „20 отсто“ од Уставот при измените што треба да се донесат следниот период. Реџепи рече дека со вметнувањето на Бугарите ќе се отворат хоризонтите кон ЕУ, но во државата ќе има меѓуетнички тензии. Според него, Албанците не смее да бидат заложници.

„Може да се случат и други барања, албански општини да бараат пат кон ЕУ, одделно од македонските општини. Ова не би го посакувале, но реалноста е таа“, рече Реџепи.

Oва не изолиран инциден па така истиот тој Шаќири од ВЛЕН во реплика на пратеникот Борислав Крмов ијзави „ќе се молиме секаде каде што сакаме и треба, а шота ќе се игра во Тирана, Скопје и Приштина“.

Шаќири истакна дека Албанци го ослободувале Скопје во 1913 и дека сите практики кои важеле до сега ќе важат и отсега.

ВМРО-ДПМНЕ немаше никаков одговор на навредите кон македонскиот народ од пратеникот Ријад Шаќири!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

(Видео) Маж се обиде да го погоди…

Непријатен инцидент се случил за време на…

Трамп за инцидентот кај американската база во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина…