(Видео) Шокантно видео – Змии шетаат по градскиот стадион во Велес

t

Колкава е грижата за спортот и спортските терени на актуелната локална власт покажуваат спортските игралишта и терени.

Наместо спортски терени полни со деца и младинци кои ќе ги користат за спортување и рекреација, тие пропаѓаат поради негрижа и неодговорно постапување од страна на надлежните претпријатија.

Градскиот стадион е претворен во ЗМИЈАРНИК обраснат со трева, дрвја и грмушки, поради што е опасно место за секој посетител.

Во денешната посета на стадионот, за да се увериме во лошата состојба пред нас се појави змија!!

Лажната предизборна пропаганда на Градоначалникот Марко Колев секој ден се повеќе се обелоденува со поставување на неадекватни директори кои не можат да ги решат проблемите со кои се соочуваат претпријатијата и објектите во нивна надлежност.

Ги прашуваме директорите на ЈП Парк-Спорт и паркинзи, Зоран Јаневски и директорот на ЈКП Дервен, Горанчо Наунчев, чија одговорност е одржувањето на овие терени⁉️

Дали сте запознати со опасностите на кои се изложени граѓаните⁉️

Кога мислите да почнете да работите во полза на градот во обезбедување на минимални услови за функционирање на објектите кои треба да бидат во служба на граѓаните⁉️

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…

Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…