(Видео) Што прави овој човек! Дончиќ со 50 поени ги ,,спобудале” Американците

t

Минатата ноќ во НБА-лигата повторно главни на паркетот беа Балканците, и тоа откако Лука Дончиќ со 50 поени блесна во дербито против Хјустон рокетс, додека Никола Јокиќ запиша 29 поени против Портланд.

Далас маверикс триумфираа со 112-106 против Хјустон, откако тргнаа добро во првото полувреме и имаа предност, а потоа следеше фуриозна трета четвртина на противникот за да се врати во игра. Потоа следеше неизвесна завршница во која екипата на Дончиќ успеа да го издржи притисокот од ривалот.

Најдобар на теренот беше Дончиќ кој постигна 50 поени, 10 асистенции и осум скокови, додека кај Хјустон најефикасен беше Џабари Смит со 24 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…