Објавено на:

(Видео) Што се случува? – после 50 години падна снег во Саудиска Арабија

t

По цели 50 години падна снег во Саудиска Арабија. Некои делови од земјата се целосно под снег, особено во северозападниот регион, додека на некои места температурата се спушти под нулата.

По снежните бури на Блискиот исток, и жителите на Саудиска Арабија по половина век во живо го видоа снегот. Ова е толку ретка појава во оваа земја што се смета за феномен.

Во повеќе делови од земјата беше издадено предупредување за лошо време, а најпогоден е регионот Асер, каде наврна најмногу снег.

На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки и фотографии од снег во пустина, а најголемо внимание привлекоа сцените со камили.

Жителите на Табук и соседните планини уживаа во зимската магија, санкањето и гаѓањето со топки снег, бидејќи во ова популарно одморалиште паднаа многу големо количества снежни врнежи.

Просечната температура во Саудиска Арабија во четвртокот беше 13 Целзиусови степени, додека во регионот Табука само 2 степена.

Во средата снег падна во некои делови на Сирија, Либан, Јордан, Либија и Израел, па многу области  кои беа без снег со години, во моментов имаат покривка од снег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Трупа снег на Копаоник

На Копаоник се измерени три сантиметри снег,…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

Ништо од пролетта: Очекувајте снег на повисоките…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…